Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде прикажан шведскиот филм „Не плачи“ на режисерите Монс Морлинд и Бјорн Стајн. Прикажувањето на филмот е во соработка со Амбасадата на Шведска.
„Не плачи“ е филм чија приказна се заснова на музиката на најпознатиот пејач и текстописец во Шведска – Хокан Хелстром. Под режисерската палка на Монс Морлинд и Бјорн Стајн, шведскиот актер Адам Лундгрен одлично го портретира младиот Пол, главниот лик околу кој се плета целата приказна на „Не плачи“.
Во градот Гетеборг на шведскиот западен брег, Пол сонува да успее со својата музика. Но, тој се соочува со една огромна пречка – себеси. Во филмот приказната не води низ емотивното патешествие на Пол од неговите пријателства и тегоби, преку љубовта и предавството, до она што станува негова животна определба…
Филмот е снимане 2013 година, а главната улога ја толкува Адам Лундгрен.
Филмот е со превод на англиски и македонски јазик.
Оваа година филмовите премиерно ќе се прикажуваат еднаш месечно во Кинотека, а потоа своето второ прикажување ќе го имаат во некои од градовите низ републиката или во алтернативни простори.
Следното прикажување на овој филм ќе се одржи на 3 јули, во 20:00 во молот во Рамстор во Скопје.