Бразилецот Едуардо Карам пред полетувањето од Рио де Жениеро кон Сао Паоло, забележал дека стаклото на прозорецот до неговото седиште вибрира.
За овој проблем тој ги инофрирал стјуардесите, но тие му рекле дека се е в ред и дека нема причини да биде загрижен.
Но, ваквото објаснување не го смирило Едуардо и решил да докажа дека нестабилното стаклото без поголеми потешкотии може да го извади од неговата рамка.
Сето тоа тој го снимал со камера и видеото го објавил на Јутјуб.
Авиокомпанијата „ТАМ Ерлајнс“ засега одби да го коментира видеото снимено во нејзиниот авион.