Поради продолжување со чистење и хлорирање на резервоарот за вода во село Љубанци денеска ќе има прекин во водоснабдување во ова село.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека прекинот ќе биде од 9 часот до завршување на чистењето и хлорирањето на резервоарот.