За два дена во Грција пристигнале 1.200 илегални имигранти

Од:

Грчките власти во источниот дел на Егејското море денеска од чамци извлекле повеќе од 300 лица кои илегално влегле во земјата од Турција, со што вкупниот број на илегални имигранти кои пристигнале во Грција во изминатите два дена се искачи на 1.200 лица, јави дописникот на МИА од Атина.

По Италија, Грција е главна дестинација за бегалци, кои главно доаѓаат од Сирија, и за таканаречени економски мигранти кои бараат подобар живот во Европската унија. Само оваа година во земјата пристигнале околу 30.000 мигранти.

Земјата побара поголема помош од ЕУ за справување со илегалната миграција, а грчкиот еврокомесар за имиграција Димитрис Аврамопулос, постојано одржува состаноци со владини претставници во Атина.

Повеќето илегални мигранти изминативе два дена пристигнале на островите Лезбос, Кос, Хиос и Фармакониси, сите во близина на турскиот брег.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит