Над 900 жени добиле медицинска консултација на Facebook страната Здрава бременост

Од:

Во изминатите шест месеци откако функционира официјалната Facebook страна на Министерството за здравство – Здрава бременост, повеќе од 900 жени побарале медицински совет или консултација за текот на бременоста и сите добиле соодветен стручен одговор од доктор-специјалист.

На дневна основа, соопшти Министерството за здравство, по еден доктор-специјалист одговара на прашањата кои биле поставени во текот на денот.

За таа цел, како што се наведува, ангажирани се 30 доктори од неколку јавни здравствени установи, меѓу кои Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, како и Заводот за здравствена заштита на мајки и деца.

Станува збор за доктори-специјалисти во областа на гинекологија и акушерство, анестезиологија, како и специјалисти од областа на педијатрија кои споделуваат стручни совети за грижа и нега на новороденчињата, со што соодветно се опфатени периодот на бременоста и постпородилниот период.

Прашањата се поставуваат во приватна порака на Facebook страната, одговорот се добивa исто така во приватна порака, а одговорите на најчесто поставуваните прашања се споделуваат јавно (без објавување на лицето што го поставило прашањето), со цел информирање на пошироката јавност за најчестите прашања за бременоста или постпородилниот период, како што се: прашања за исхраната во текот на бременоста, во која недела од бременоста кои прегледи/скрининзи треба да се извршат, физичка активност за време на бременоста, совети за доење и нега на новороденчињата, и сл.

Со овој проект се овозможува споделување корисни медицински совети и стручни консултации преку директна и непосредна комуникација со докторите-специјалисти, со единствена цел заштита на здравјето на мајката и детето, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска