Во опсада на полициска станица во Авганистан 26 убиени

Од:

Во напад на талибанците врз полициска станица на југот на Авганистан вчера загинаа најмалку 19 полицајци и седум војници, а опсадата и натаму трае, објавија авганистански претставници.

Шефот на полицијата на округот Нав Зад во јужната авганистанска провинција Хелманд, Напас Кан, кој се наоѓа внатре во нападнатата полициска станица, изјави дека борбите почнале вчера утро кога талибанците нападнале повеќе полициски пунктови ширум округот.

Кан наведува дека напаѓачите сега ја опколиле полициската станица, одзеле полициски возила и оружје и ги блокирале сите патишта што водат од Нав Зад.

Тој апелираше на Владата на Авганистан итно да интервенира.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица