Варуфакис призна дека го снимил состанокот на министрите од еврозоната

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис призна денеска дека го снимил состанокот на министрите за финансии од еврозоната и ги критикуваше медиумите поради „лаги и инсинуации“ во извештаите за настаните од состанокот, одржан на 24 април во Рига.

Варуфакис минатата недела изјави за „Њујорк тајмс“ дека го снимил состанокот во Рига, што наиде на критики од поединечни грчки медиуми и опозицијата дека таквиот чекор би можел да ги поткопа напорите на Грција да обезбеди заем од кредиторите.

Грчкиот министер на својот блог и за британската Би-Би-Си наведе дека често ги снима своите одговори на мобилен телефон и оти тие снимки му служат за да подготви извештај за седницата на грчката Влада.

– Истото го сторив и на состанокот на Еврогрупата во Рига и потоа во Атина ја искористив таа снимка за изработка на извештајот за своите колеги, истакна Варуфакис.

Правилата на Еврогрупата не им забрануваат експлицитно на учесниците да ги снимаат разговорите се додека нивната содржина останува во тајност.

Варуфакис нагласи дека целосно ги почитувал правилата на доверливост на состанокот и оти не излегол со детали во јавноста, дури и на провокациите на медиумите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит