Образованието и јазикот, теми на кои ќе се говори во Кампот пред Владата

Од:

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, денеска ќе има повеќе активности кои ќе бидат во знакот на одбележувањето на празникот Св.Кирил и Методиј.

По овој повод, во 18.30 часот предвидени се обраќања на в.д на Институтот на македонски јазик, Елена Јовановска Грујовска, студентката Ивана Туфегиќ и професорката Вангелина Мојановска.

Темите на кои ќе говорат ќе бидат поврзани со македонското образование и јазик.

До 15 часот ќе има отворено хуманитарен базар, а потоа и уметничка работилница/колонија „Боите на слободата“ во организација на граѓанската организација Цивил.

Во однос на музичката програма, потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов ќе има свој диџејски натап, а по него ќе пее Бени.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните