СОЗР: Направена е комплетна контрола, проверка и тестирање на владиниот авион

Од:

Инспекторите и пилотите од македонските воздухопловни институции кои во Нирнберг заедно со овластениот сервисер Аеро-динст, направија контрола, проверка и тестирања на владиниот авион Лирџет 60, по враќањето во Скопје, до Службата за општи и заеднички работи, ги доставија првичните извештаи и информации за состојбата на авионот.

СОЗР соопшти дека направена е комплетна контрола, проверка и тестирањe на авионот Лирџет 60. Констатирано е дека во текот на летот се појавил проблем во функционирањето на системот за пресуризација. Извршена е промена на системи и делови од авионот. Извршена е промена на левиот и на десниот мултифункционален прекинувач (squad switch system), кој е во директна корелација со системот за пресуризација.

Извршена е промена на вентилот за проток на воздухот (flow control valve). По промената на наведените системи и делови, извршени се и тестирања на авионот Лирџет 60. Извршено е тестирање со проверка на миксер вентилите на левиот и на десниот мотор, со моторите пуштени во погон. Извршен е оперативен тест за пресуризација, со авионот на земја.

Извршено е тестирање на системот за пресуризација во сите три можни оперативни начини на функционирањее, автоматски (auto), мануелен (manual) и итен (emergency), со авионот во воздух.

Добиена е комплетна документација од сервисерот Аеро-динст за овие промени и тестирања, и по промените и тестирањата од страна на сервисерот е потврдено дека авионот е исправен за летање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски