ЗНМ: Бараме веднаш да престанат нападите врз новинарите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија е сериозно загрижено од ескалацијата на насилство против новинари откако вчера вечер двајца маскирани напаѓачи со метални шипки физички го нападнале новинарот Сашe Ивановски.

„Нападот на Ивановски е најсериозен од низата напади против новинари, кој можел да има фатални последици. Насилниците имаат за цел да внесат страв и несигурност меѓу новинарите и да ја ограничат слобода на изразувањето.

Силно го осудуваме овој хулигански чин и бараме веднаш да престанат ваквите оркестрирани напади против новинарите. Ја предупредуваме домашната и странска јавност дека животот на новинарите во Македонија е сериозно зaгрoзен.

Бараме од Обединетите нации, Европската Унија, Американската влада, Советот на Европа и ОБСЕ веднаш да интервенираат кај македонската Влада за да се обезбеди сигурност на македонските новинари и да се престане со практиката на неказнување на насилство против новинари, кое може да доведе до трагични последици.

ЗНМ од 2011 година до сега регистрираше 19 физички напади против новинари и досега ниеден од нив нема судска разрешница“, пишува во реакцијата на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

ЗНМ бара повлекување на наредбата од организациската директорка на Токсикологија

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска