Цената на нафтата стабилна над 66 долари

Од:

Цената на нафтата се стабилизираше во петокот на светските берзи над 66 долари со оглед дека загриженоста за снабдувањето од Блискиот исток го пригуши влијанието од добитоносни продажби пред продолжениот викенд во САД и поголем дел на Европа.

На лондонската берза цената на барелот падна 25 центи во однос на претходното затворање, на 66,29 долари. Претходниот ден тргувањето го заклучи во плус 2,3 отсто. На американскат берза со барелот се тргува по 27 центи пониска цена, од 60,45 долари.

Трговците тргнаа во добитоносни продажби во пресрет на продолжениот викенд во САД каде во понеделникот се одбележува Денот на сеќавање на американските војници. Понеделник ќе биде неработен ден и во многу европски држави, вклучително и Велика Британија, Германија и Франција поради верски празник.

„Никој не сака да има отворени позиции пред продолжениот викенд па се заклучуваат книгите што носи одредени консолидации“, рече Карстен Фрич од франкфуртска Commerzbank.

Влијанието на добитоносните продажби го придуши загриженсота од Блискиот исток со оглед на ексалацијата на судирите во Сирија и Ирак. Борците на Исламската држава го стегнаа во четвртокот обрачот околу историскиот сириски град Палмира и ги совладаа ирачките вооружени сили во борбите за градот Рамада. Ирак е второ по големина производител меѓу членките на OPEC.

„Вестите од Блискиот исток загрижуваат, иако веројатно нема да влијаат врз снабдувањето со нафта“, толкува Фрич.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел реферетна кошничка негова нафта во четвртокот изнесуваше 61,86 долари, што значи дека се зголемила за 95 центи во однос на претходниот ден.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот