Ракометарките на Македонија вечерва 20:15 часот во СРЦ „Кале“ играат против Турција во клучниот квалификациски дуел за пласман на ЕП во Холандија.
Избраничките на селекторот Гино Стрезовски сами си ја кројат судбината, а со победа или реми над гостинките, „црвено-жолтите“ ќе ја остварат целта и ќе обезбедат виза на завршницата на континенталниот шампионат во декември.
Во вториот меч од групата „4“ силите ќе ги одмерат Франција и Литванија.
Табела: Франција 8, Македонија 6, Турција 4, Литванија 2.