Македонија и Србија договорија прелиминарна квота транспортни дозволи

Од:

На состанокот на мешовитата комисија за меѓународен превоз на патници и стока меѓу Македонија и Србија што се одржа во Белград потпишан е протокол со кој е договорено за годинава да се размени дополнителна квота  од 50  дозволи за и од трети земји.

На состанокот е договорена и прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за следната година, билатералниот и транзитниот превоз на стока за еколошки возила да биде либерален  односно без режим на дозволи, како и да се разменат 5.000 билатерални дозволи за нееколошки возила, 5.000 транзитни дозволи за нееколошки возила, како и 300 дозволи за и од трети земји, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Мешовитата комисија се договорила веднаш да почне постапка за измена на Спогодбата за меѓународен патен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Србија каде ќе се предвиди целосна либерализицаија на билатералниот и транзитниот превоз на стока за нееколошки возила односно да се врши без режим на дозволи, како и либерализација на наизменичниот превоз на патници.

Текстот на спогодбата се очекува да биде усогласен во септември или октомври годинава и да стапи во сила најдоцна до почетокот на следната година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска