Повик до скулпторите да пријават дело за биеналната изложба во Куманово

Од:

Кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, упати јавен повик до сите заинтересирани акадмески скулптори од Македонија да пријават дело за биеналната изложба „Скулптури на новото време 2015“.

Организатор и координатор на изложбата „Скулптури на новото време 2015“ е НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово.

Заинтересираните за учество потребно е да пријават едно досега неизложувано дело по сопствен избор, изработено од цврст материјал, погодно за транспорт, по можност од најновиот период. Изожбата на скулптурите ќе биде отворена во текот на јули годинава.

– Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ја организира биеналната изложба на скулптури од 1998 и досега одржани се девет изложби, информираше Роберт Цветковски, историчар на уметност од Центарот за култура.

На овие изложби, рече тој, досега се презентирале уметници од повеќе генерации од целата држава. Освен во Куманово десеттата изложба на склуптури ќе биде презентирана и во други градови од државата.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска