МНТ со „Животот на Молиер“ на фестивал во Анталија

Од:

Македонскиот народен театар денеска и утре пред турската публика ќе ја изведе претставата „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, во режија на Александар Поповски, на шестиот Интернационален театарски фестивал во Анталија.

– МНТ е единствен учесник од Балканот на фестивалот, кој од 17-ти до 27 мај 2015 се одржува во организација на Државниот театар од Анталија. Покрај ансамблот на Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе настапат и реномирани театари од Индија, Русија, Романија, Норвешка, Франција и од Турција, соопшти МНТ.

Целта на фестивалот, посочува МНТ, е воспоставување соработка помеѓу Турскиот државен театар и националните театри од целиот свет и развивање долгорочни и креативни односи помеѓу театрите инспирирани од традицијата а кои се стремат да бидат иновативни.

По претставите ќе бидат организирани работилници, отворени настапи, како уличен театар, балетски претстави и концерти.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он