Одбојкарките на Работнички ја освоија шампионската титула во домашното првенство. Во решавачкиот пети меч од финалето, одигран вечерва, против тимот на Јанта Волеј, екипата на Работнички славеше победа со 3-0 во сетови, и со конечни 3:2 во победи ја освои шампионската титула.
Иако, одбојкарките на Јанта Волеј добро го започнаа мечот и имаа шест поени предност, сепак Работнички со серија од 7:0, направи пресврт и дојде до предност која ја сочува до крајот на првиот сет кој го доби со 25:21.
Во вториот сет одбојкарките на Работнички беа уште поубедливи, па на противничките им дозволија да освојат само 15 поени (25:15).
Сигурната предност од два сета, им даде самодоверба и поголема сигурност на одбојкарките на Работнички кои и во третиот сет не дозволија противничките да ги загрозат посериозно, па го решија во своја полза со 25:18, за конечни 3-0 во сетови.
На тој начин одбојкарките на Работнички сезоната ја завршија со двојна круна, откако првиот трофеј го освоија во финалето на Купот во кое беа подобри од истиот противник.