Четвртфинални дуели во фудбалскиот Куп

Од:

Во недела, со исклучок на натпреварот Пелистер-Вардар, ќе се одиграат првите четвртфинални дуели во фудбалскиот Куп на Македонија.

Екипата на Шкендија, во најпривлечниот меч, во Тетово ќе го пречека Металург.

Тетекс на стадионот во Ѓорче Петров за противник ќе ја има Ренова, екипа која го брани трофејот освоен минатата сезона.
Во третиот меч екипата на Дрита, во Боговиње, ќе игра против Силекс.

Натпреварот Пелситер-Вардар е одложен на барање на скопскиот тим, бидејќи двајца негови играчи се дел од националниот тим, за натпреварите со Хрватска и Србија. Првиот четвртфинален дуел овие ривали ќе го одиграат на 7. ноември.

Возвратните натпревари, по кои ќе бидат познати полуфиналистите во националниот Куп, ќе се одиграат на 21. ноември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски

Аталанта го забележа 10-от последователен триумф во Серија А