Богдановиќ: Курир шири дезинформации

Од:

На ден 21.05.2015 година во 14:15 минути на интернет порталот Курир е објавен текст под наслов „ФОТО: Порно актери, транссексуалци, луѓе од подземјето со кривични дела зад себе се дел од камперите пред Владата“, каде е назначено дека јас како директор на јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ не се грижам за сообраќајниот метеж и дека тоа е основен проблем на Центар.

Таа информација не е вистинита бидејќи обврските во претпријатието ги завршувам секојдневно од 08:00-16:00 часот, кое е и воедно работното време на претпријатието.

Останатиот период од денот е мое лично време и мојата одлука да го користам за протестирање пред Влада е легитимна.

Фотографиите преземени од порталот Центарњуз и од мојот приватен фејсбук профил се фотографирани вон работното време на претпријатието, вели во писмената реакција директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите