Битолскиот театар ќе настапи на „Денови на Достоевски“ во Санкт Петерсбург, Русија

Од:

НУ Народен театар-Битола викендов ќе отпатува за Русија каде на 27 мај во Санкт Петерсбург во рамки на големата културна манифестација „Денови на Достоевски“ ќе ја одигра претставата „Без паника“.

Според програмата на организаторот, ансамблот на НУ Народен театар-Битола најнапред ќе учествува на централното дефиле кое ќе се одржи на 24 мај, а потоа на 27-ми ќе биде изведена претставата „Без паника“ која наближува до бројот 50 одиграни претстави во Македонија и странство, истакна Валентин Светозарев, сценограф во битолскиот театар.

– Претставата „Без паника“ ќе ја одиграме во театарот „Достоевски“, односно во последната куќа во која живеел големиот руски писател Фјодор Михајлович Достоевски. Овој наш театарски проект е многу близок со театарот „Достоевски“ затоа што бидејќи тамошните актери исто така ја играат оваа претстава и за време на престојот во Санкт Петерсбург ќе се обидеме да договориме заеднички настап, истакна Светозарев.

Гостувањето во Русија е првиот меѓународен ангажман на битолскиот театар во оваа година, а наесен битолчани ќе гостуваат и во Израел каде ќе ја изведат претставата „Happy end“, современ текст посветен на едно еврејско семејство кој го напишал Идо Нетанјаху, а режисер е Благој Мицевски.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он