Кривична пријава за менаџер на Авто-мото друштвото „Струга“

Од:

Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот стружанец Д.Б.

Пријавениот, на 7. мај годинава, во својство на менаџер во Авто-мото друштвото Струга“, без да спроведе законска постапка за издавање привремени регистарски таблици, издал четири времени таблици од кои две за патнички и две за товарни моторни возила.

– Тоа го направил со издавање на времените таблици на рака на физичко лице од струшкото село Ливада вработен во фирмата „Викторија инвест“ од Република Албанија. На ова лице пријавениот му издал четири потврди и четири привремени таблици за возилата кои на денот на издавањето на времените регистрации биле на територијата на Република Албанија и немале остварено влез во државава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Издадените времени таблици, како што додава Димоски, подоцна биле однесени на граничниот премин Ќафасан и биле поставени на товарните и патнички моторни возила пред да влезат во Република Македонија.

При контрола на влез на граничниот премин, полициските службеници констатирале нецелосна документација и не дозволиле влез на македонска територија а ги одзеле пробните времени таблици.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари