(ВИДЕО) Рамадани: Никола отвори го пенџерчето… од мерцедесот

Од:

Оваа Влада е нелигитимна и е влезена преку пенџерчето, рече политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани на отворената сцена денеска во антивладиниот камп. Тој со песна му порача на премиерот да се огласи за барањата на граѓаните да поднесе оставка.

– Никола отвори го пенџерчето од мерцедесот, аман аман аман. Видовме оваа Влада со какви избори дошла на власт, вели дека е Влада на Република Македонија, а слушнавме пцовки за останатите етнички заедници и за гласачите на други политички опции. Оваа Влада е влезена преку пенџере и доби мандат на нелегитимен начин – рече Рамадани.

Тој додаде дека власта игра на стратегијата да добие ден повеќе на власт, но дека тие денови се загуба.

– Овие денови не се ќар за нив туку се загуба. Што поскоро да си заминат и да ја ослободат Владата, државата и мерцедесот, затоа што се тоа на нас ни припаѓа – порача тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ