Принцот Чарлс го посети местото на терористичкиот напад на ИРА од пред 36 години

Од:

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс го посети малото место Маламор, во ирската област Слиго, каде во 1979 година, од подметната бомба на ИРА, беше убиен неговиот чичко, лордот Маунтбатен.

Ова е прв пат по 36 години, еден висок член на британското кралско семејство, да го посети местото каде беше извршен терористичкиот напад, извршен од припадниците на паравоената Ирска републиканска армија кои со насилни средства, заговараа обединување на Алстер (Северна Ирска) со Република Ирска.

Од подметната бомба во малото рибарско бротче, укотвено во заливот, загинаа уште три други лица кои во тој момент биле на него – 14- годишниот внук на Маунтбатен, едно 15-годишно локално момче, кое помагало на бродчето околу рибарењети и уште една жена.

Истиот ден, на 27 август 1979 година, 18 британски војници беа убиени од подметнат експлозив, покрај еден замок во северноирската област Даун.

Принцот се сретна со мајката на 15 годишниот Ирец, која призна дека, исто така, за прв пат доаѓа на местото каде беше убиен нејзниот син. Во изјава за радио Алстер, на Би-би-си, таа рече дека верува оти конечно е дојдено време за помирување и изрази надеж дека доброто ќе победи.

Посетата на принцот Чарлс на Маламор, доаѓа по синоќешната „историска средба“ на британскииот престолонаследник со лидерот на републиканската, сеирска партија Шин Феин, Џери Адамс.

На приемот во Даблин, идниот британски крал се ракуваше со Адамс кој досега одбиваше да го направи тоа и кој ги бојкотира сите кралски манифестации и кралски институции, вклучувајќи го Парламентот во Лондон, иако неговата Шин Феин и во претходниот и во сегашнот мандат, има четири пратенички места.

Средбата траела само петнаесетина секунди, но ирските и британските весници и даваат голем публицитет, означувајќи ја како историска пресвртница во односите на Шин Феин, некогашно политичко крило на ИРА, кон британската монархија.

„Ова беше голема работа од него (за принцот Чарлс) да го направи ова, но беше и голема работа за нас, двајцата„ -изјави по средбата Адамс. Лидерот на Шин Феин кој е пратеник во ирскиот Парламент, рече дека е добро што Чарлс е дојден во Ирска и што го посетува Маламор.

Лондонските весници оценуваат дека ракувањето има историско значење, бидејќи конечно ги остава зад нас, годините на насилство и непријателство, оценувајќи го гестот на Чарлс, како храбар чин за помирување меѓу симболот на британската монархија и на ирското републиканско движење.

Принцот Чарлс заедно со неговата сопруга, војводката од Корнвол, престијува во дводневна посета на Република Ирска, по што два дена, докрајот на неделата ќе биде во Северна Ирска.

Лорд Маунтбатен беше чичко по таткова линија на Чарлс, но беше во подалечни, роднински врски и со неговата мајка, кралицата Елизабета. Тој беше последниот вицекрал на Индија, а беше убиен од ИРА, додека се наоѓаше на одмор, во семејната куќа на неговата сопруга, што е лоцирана недалеку од Маламор.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца