Доделување на наградата „Прозарт“ на Вида Огњеновиќ

Од:
Во галеријата Даут-пашин амам вечер во 19.30 часот ќе биде врачена наградата „Прозарт“ на српската писателка и режисерка Вида Огњеновиќ, која е лауреат на третиот книжевен фестивал Про-ЗА Балкан.
Писателите кои учествуваат на фестивалот ќе читаат извадоци од своите дела на настанот со кој ќе заврши годинашниот „Про-За Балкан“ организиран од издавачката куќа „Икона“.
Во рамки на „Про-За Балкан“ вчеравечер беше одржана тркалезна маса на тема „Литература, граници, публика“.
Трбина ПРО-ЗА Балкан 2
Учествуваа Урсула Бергентал од Германија, главен и одговорен уредник во „бтб Рандом хаус”, Силвија Брунели, сопственик на „Набу” – литературната агенција од Италија, писателката од Хрватска Алида Бремер, Вида Огњеновиќ од Србија, Полона Главан од Словенија, гостите од Турција – Мехмет Дермиташ, директор на Интернационалниот литературен фестивал „Танпинар” и Нермин  Молаоглу, литературен агент на „Калем агенција”, како и македонските писатели Ермис Лафазановски, Александар Прокопиев и Димитар Башевски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска