Даниел Кајмакоски со „Autumn Leaves“ не се пласираше во големото финале за 60-тата Евровизија во Виена, по синоќешниот настап на првото полуфинале во кое се натпреваруваа 16 земји.
„Дадовме се од себе на сцената и верувам дека емоцијата на „Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на „Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас.
Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи“, изјави Даниел по завршувањето на првото евровизиско полуфинале.
По пат на телевоутинг беа избрани десет: Ерменија, Белгија, Грција, Естонија, Србија, Унгарија Русија, Албанија, Романија и Грузија.
Второто полуфинале ќе се одржи во четврток, а финалната вечер на „Песна на Евровизија“ во сабота, 23. мај.