А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Лазаревски во кампот пред Влада: Овде сум затоа што се обидоа да сокријат убиство

by А1он19/05/2015 - 20:3220/05/2015 - 08:42181
Share0

На граѓанскиот пленум во кампот пред Влада денеска се обрати и активистот и паркобран Васко Лазаревски кој изнесе неколку причини зошто е дел од здружената коалиција „Граѓани за Македонија“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Овде сум затоа што сум антифашист, затоа што повеќе можам да се гледам себеси во затвор, отколку да се гледам себе си како ги буткам студентите во затвор. Овде сум затоа што се обидоа да скријат убиство на плоштад во изборната 2011 година, после изборите за кои сега знаеме како ги добија. Со насилство, поткупи и газење по човекови права победуваат на сите избори и ни ја прават земјата хаос. Ниту една институција не функционира како што треба. Се изживуваат врз студенти, средношколци, пензионери – рече тој.

Оваа Влада, додаде, која ги узурпира институциите, е најлошото нешто што и се случило на Македонија од времето на фашизмот. Тој посочи дека е дел од кампот затоа што во слободните економски зони има свет-шопови каде работниците се експлоатирани до последната капка крв.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Такви инвестиции не ни требаат. Сакам да живеам во земја во која мал број од граѓаните ќе примаат социјална помош, а на останатите државата ќе им обезбеди услови за достоинствен живот. Сакам да им порачам на СДСМ дека првиот ден кога ќе влезат во оваа Влада ќе дојдам тука за да ги потсетам на се она што го ветија до сега – порача тој.

protestvasko lazarevski

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:3308/09/2026 - 14:50

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски05/09/2026 - 14:0405/09/2026 - 14:44

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски05/09/2026 - 12:3305/09/2026 - 13:42

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски05/09/2026 - 11:1805/09/2026 - 11:20

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:4905/09/2026 - 09:50

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски31/08/2026 - 13:1831/08/2026 - 13:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео