Бременоста како серум на младоста

Од:

Како што старееме така и на нашето тело му е потешко да ги обновува оштетените ткива. Меѓутоа, размената на крв меѓу мајката и бебето, го поттикнува регенирањето на оштетените ткива.

Едно истражување прикажува снимки на пресаден црн дроб кај глувците кои се бремени и оние кои не се. Снимките се направени со помош на магнетна резонанца на Универзитетот Хадаш во Ерусалим.

Кај младите глувци црниот дроб се регенерира за 82 отсто побрзо, додека кај постарите процентот на регенерација е околу 46 отсто. Сепак забележан е пресврт кога постар женски глушец забременил, така што процентот на регенерација достигнал дури 96 отсто, што е два пати повеќе од вообичаената стапка.

– Бременоста е единствен биолошки модел на парцијална размена на крв, па од таа причина сметаме дека таа на мајката дејствува како серум на младоста, е заклучок од истражувањето.

Претходното истражување на истиот тим дошло до заклучок дека по породувањето телото има способност да ги регенерира мускулите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска