Германските машиновозачи од денеска на нов штрајк

Од:

Германските машиновозачи од денеска повторно стапија штрајк, додека раководството на „Дојче бан“ планира да почне нови преговори со синдикатот ГДЛ и очекува решавање на проблемот.

– Во текот на денот ќе седнеме на разговор со лидерите на синдикатот на машиновозачи ГДЛ, изјави денеска за телевизијата АРД Улрих Вебер, претставник на „Дојче бан“.

Од денеска во 15 часот по локално време почнува штрајкот прво во товарниот сообраќај, а два часа по полноќ и во патничкиот сообраќај, соопшти синдикатот на машиновозачи ГДЛ, без да објави колку долго ќе трае прекинот.

Крајот на штрајкот ќе биде познат 48 часа пред завршувањето, пишуваат германските медиуми. Според нив штрајкот најверојатно ќе трае подолго од претходниот еднонеделен, кој беше најдолг во историјата на германската железница.

Шефот на ГДЛ Клаус Везелски изјави дека и за време на штрајкот, синдикатот ќе стои на располагање на раководството на „Дојче бан“ за преговори, како и дека во случај на договор тој е подготвен да го прекине штрајкот.

Ова е деветти прекин на работата во долгиот спор меѓу синдикатот на машиновозачи ГДЛ и државната германска железница „Дојче бан“ поради условите за работа.

ГДЛ денешниот штрајк го најави само неколку дена по завршувањето на еднонеделниот протест.

Германската железница „Дојче бан“ дневно пренесува околу 5,5 милиони луѓе и има 300.000 вработени, а синдикатот на машиновозачи ГДЛ со месеци е во спор околу тарифите.

Машиновозачите бараат зголемување на платите од пет отсто и еден час помала работна недела, како и машиновозачите на локомотиви за маневар да добијат ист статус како и останатите машиновозачи.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ