Темно чоколадо за подобра концентрација

Од:

Истражувачи од Универзитетот Северна Каролина откриле дека вниманието и концентрацијата се зголемуваат доколку во текот на денот се изеде малку чоколадо кое содржи висок процент на какао.

Во истражувањето учествувале 122 лица на возраст од 18 до 25 години, чија активност на мозокот е мерена по конзумирањето на различни видови чоколадо, а најдобар резултат покажало чоколадото кое содржи околу 60 отсто какао.

Голем број од луѓето околу пладне чувствуваат замор и не можат да се концентрираат, а тоа најмногу се однесува на вработените и студентите.

Според истражувачот Лери Стивенс, темното чоколадо кое содржи околу 60 проценти какао дало одлични резултати токму по прашањето за јакнење на концентрацијата.

– Освен што помага за концентрација, темното чоколадо е богато и со антиоксиданси и материи кои помагаат при намалување на ризикот од срцев удар, истакнува Стивенс.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска