Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев следната сезона ќе настапува за јапонската екипа Торај Ероус. Воедно Ѓоргиев ќе биде првиот македонски одбојкар кој ќе настапува во екипа на Далечниот Исток.
Во последната сезона Ѓорѓиев беше дел од француската екипа Париз Волеј и по добрите игра го доби признанието МВП (најкорисен) играч во регулраниот дел од шампионатот.
Во својата кариера како интернационалец Ѓоргиев има настапувано во Париз Волеј, Мили Пјанго, Форли и Раднички Крагуевац.