Варуфакис: Следната недела ќе биде постигнат договор со кредиторите

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис синоќа изјави дека очекува следната недела да биде постигнат договор со меѓународните кредитори, кој ќе ја спаси земјата од банкрот.

– Мислам дека сме многу близу и веројатно за една недела ќе постигнеме договор, истакна Варуфакис.

Тој нагласи дека според кредиторите, дојдено е времето за склучување договор, додавајќи дека нема да биде прифатен компромис, кој според Владата би бил неизводлив.

– Ве уверувам дека ако бидеме исправени пред дилемата дали да му платиме на кредитор, кој одбива да потпише договор со нас, или на пензионер, тогаш ќе му платиме на пензионерот. Се надевам дека ќе успееме да им платиме и на двете страни, изјави грчкиот министер.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ