(ВИДЕО) Груевски: Нема повлекување

Од:

Претседалот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нагласи дека нема да се повлече од својата функција на денешниот митинг на партијата пред Собранието. „Нема повлекување“, одговори тој на бројните барања да си поднесе оставка, од Македонија и од странство .

– Тоа што ни се случува е диктатура на политичкото малцинство поддржано од инструменти на странска служба. Македонија не е ниту Груевски или Зоран Заев. Ова е Македонија, овој народ, вие сте најдобриот одговор на сите сценаристи кои цврсто веруваа дека ќе не скараат, дека ќе ни ги исперат мозоците, дека ќе не прелажат со креирани, сечени и лепени снимки, лажни воведи и наративи. Ние сме денес тројно или четири пати побројни од тие вчера, одлучни и решители до бескрај. Нема повлекување, рече тој.

Груевски рече дека опозицискиот лидер се обидува да дојде на власт преку манипулации, интриги и поддршка од странски разузнавачки служби.

– Исправени сме пред искушение да се судриме меѓу себе, тоа е наметната психолошка состојба, многу агресија, гнев, поделби. Заев не само што нема да биде премиер, никогаш повеќе нема да ја добие поддршката на струмичани за градоначалник, поминаа неговите пет минути, и за Струмица и за Македонија, порача тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина