Утре, 19 мај, со почеток во 20 часот во арт кафе Concept 37 ќе бидат прикажани 2 кратки анимирани филмови, кои се изработени од македонски артисти во продукција на ОХО, со поддршка на Британската Амбасада во РМ.
Филмовите „Како Петко (не) си ги заврши обврските?“ , по текст на Билјана Петревска Малинова, режија
Елеонора Венинова, илустрација Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, и анимацијата е на Диме Ѓорѓиевски и Симон Стојановски. „Волшебната комета“,по текст на Николина Андова Шопова, режија на Елеонора Венинова, илустрација на Катерина Николовска и анимација Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Анимираните филмови се дел од едукативниот проект „Сите сме еднакви“ кој е поддржан од Британската .
Амбасада во Македонија и Министерството за образование и наука.
На настанот ќе присуствува и амбасадорот Чарлс Гарет.