Клеа и Леон од Песталоци успешно ја извршија функцијата – градоначалник

Од:

Седумдесет ученици од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ беа денеска во посета на општина Центар.

Како работи општината, колку често имате средби со граѓаните, за што ви беше последниот состанок, но и конкретни, дали може место контејнерите чија миризба пречи, да се стават подземни контејнери, како поефикасно да се чистат улиците и како до позелен Центар, ова беа прашањата од учениците до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Клеа и Леон успешно ја извршија функцијата – градоначалник и правеа ред во кабинетот. Даваа и одземаа збор на соучениците.

Учениците се запознаа и конкретно со функционирањето на општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите