Економист – Лондон
– Развојот на вештачката интелигенција може да разгори крај на човечката раса, предупредува Стивен Хокинг. Елтон Маск стравува дека развојот на вештачка интелигенција (или АИ), може да биде најголемата егзистенцијална закана со која се соочува човештвото. Бил Гејт ги повикува луѓето да се чуваат од неа.
Исплашените кои велат дека гнасотите кои луѓето ги создаваат можат да станат нивни господари, или нивни џелати, не е нова. Но искажана од познат космолог, претприемник од Силиконската долина и основачот на Мајркософт – кои тешко дека се лудаци – и кажани наспроти огромните инвестиции во АИ од големите фирми како Гугл и Мајкрософт, таквите стравови имаа голема тежина. Со суперкомпјутерите кои ги има во секој џеб и роботи кои ги има на секое бојно поле, самото нивни отфрлање како научна фантастика излегува дека е самозаблуда. Прашањето е како мудро да внимаваме.
Ќе ме научите да зборувам и…
Првиот чекор е да сфати што компјутерите можат сега да сторат и што би можеле да прават во иднина. Благодарените на растот на моќта на процесирањето и растечкиот број на дигитално достапни податоци, АИ доживува бум во своите капацитети. Денешните „системи за длабинско учење“ со имитирање на слоевите неурони во човечкиот мозок со и соочувањето со огромни количини на податоци, може да ги научи самите АИ да изведуваат некои задачи, од препознавање на модели до преводи, скоро како што можат и луѓето. Како резултат на тоа, некои нешта за кои порано беше потребен ум – од објаснување на фотографии до играње на видео играта Фроџер – сега се во рамките на компјутерските програми. ДипФејс, алгоритмот кој го создаде Фејсбук во 2014 може да препознае човечки лица во објавените фотографии во 97 проценти од случаите.
Она што е круцијално е што капацитетот е тесен и специфичен. Денешните АИ создаваат привид за интелигенција преку брутална моќ на обработка на броеви, без посебен интерес во апроксимацијата колку мозокот на луѓето им дава автономија, интерес и желби. Компјутерите сеуште немаат ништо во пристапот до поширока, флуидна способност да донесува заклучоци, да проценуваат и да одлучуваат што е поврзано со интелигенцијата во конвенционална човечка смисла.
Сепак АИ е веќе доволно моќно за да прави драматично унапредување во животот на луѓето. Тоа веќе може да ги подобри човечките настојувања со совети за она што луѓето можат да го направат. Земете го на прмер шахот, кој денес компјутерите го играат подобро од било кој човек. Најобрите шахисти во светот не се машини, но сепак велемајсторот Гари Каспаров ги нарекува „кентаури“: амалгамски склопови од луѓе и алгоритми. Таквите групи наскоро ќе станат норма во сите видови на стремежи: поддржани од АИ, лекарите ќе имаат бесконечно прецизна можност да забележуваат канцери на медициските слики: алгоритмите кои препознаваат глас кои сега се врадени во умните телефони, ќе им го доближат интернетот на милиони засега неписмени луѓе во земјите во развој; дигиталните помошници ќе даваат надежни хипотези за академски истражувања; алгоритми за класифицирање слики ќе им овозможат на компјутерите погодни за носење да редат во слоеви корисни информации за ставовите на луѓето за реалниот живот.
Дури и на краток рок, не сите последици ќе бидат позитивни. На пример, земете ја во предвид моќта која АИ ќе ја доесе во апаратот на државната безбедност, и во автократиите и во демократиите. Можноста да се следат милијарди разговори и да се препознае некој граѓанин од толпата според неговиот глас или лик, претставува огромна закана по слободите.
Па дури и кога има големи придобивки за заедницата, многу луѓе ќе загубат од АИ. Оригиналните „комјутери“ беа оние кои ја работеа тешката работа, најчесто жените, кои изведуваа бесконени пресметки за своите повисоки нивоа. Исто како кога транзисторите дојдоа на нивните места, така најверојатно и АИ ќе замени цела регимента админстративни работници. Образованието и обуките ќе помогнат и богатството кое ќе биде сздаденоо со помош на АИ, и кое ќе биде усмерено за нови определби кои ќе создаваат нови работни места. Но работницте се осудени на преместувања. Иако следењата и преместувањата не се она што ги загрижува господата Хокинг, Маск и Гејтс, или она што не инспирира за фаланги на футуристички АИ филмови кои од неодамна Холивуд ги пушти во кината. Нивната загриженост е севкупно подалечна и поапокалиптична: заканата од автономни машини со надчовечки когнитивни капацитет и интереси кои се во конфликт со оние на хомо сапиенсот.
Таквите креации на вештачката интелигенција се сеуште многу далеку; можеби никогаш и нема да можеме да ги создадеме. И покрај цел век буричкање и проучување во мозокот, психолозите, невролозите, социолозите и философите сеуште се многу далеку од дознавањето како може да биде направен ум – или чиј тоа да биде. А бизнис интересот за дури и ограничена интелигенција од општ вид – вид кој има интерес и автономија – е сеуште далеку од јасен. Автомобил кој вози самиот подобро отколу што вози сопственикот звучи на благодет; автомобил со свои идеи каде да вози, и не е толку.
… Знам како да колнам
Но иако изгледноста за она што Хокинг го нарекува „целосно“ АИ е се уште далеку, логично е тоа предизвик за општествата како да планираат се справат со тоа. Тоа е полесно токолку што изгледа, и не само затоа што луѓето и досега веќе извесно време создавале автономни енитетти со надчовечки капацитети и непознати интереси. Владините бирократии, пазарите и армиите: сите можат да прават нешта кои непотпомогнати, неорганизирани луѓе не можат да го напават. На сите им е потребна автономија за да функционираат, сите можат да го земат животот во своите раце и да направат голема штета ако не се водат според принципи и да се водат од закони и регулативи. Овие споредби треба да ги смират плашливите; тие исто наведуваат конкретен пат за општествата за да развиваат безбедна АИ. Како што на армиите им треба цивилно надгледување, на пазарите да бидат регулирани, а бирократиите треба да бидат транспарентни и одговорни, така и АИ системите мораат да бидат отворени за критики. Затоа што дизјанерите на овие системи не можат да ја предвидат секоја серија од околности, треба исто така да постои и копче за исклучување. Овие ограничувања мораат да бидат вметнати без компромитирање на прогресот. Од нуклеарна бомба до сообраќајни правила, човештвото ја користи техничката генијалност и правните структури за да создадат други моќни иновации.
Сеништето од создавање на евентуална авнотономна нечовечка интелигенција е толку исклучително што ризиците од него ги засенуваат дебатите. Да, постојат опасности. Ни тие не треба да ги затемнат големите благодети од зората на АИ.