Околу 500 загинати при освојувањето на Рамади од страна на ИД

Од:

Околу 500 лица, меѓу кои има цивили и ирачки војници, се претпоставува дека загинале во изминатите денови за време на жестоките судири за преземање на градот Рамади, кој синоќа падна во рацете на џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Анбар, Муханах Хајмур.

Тој истакна дека градот, исто така, го напуштиле околу 8.000 жители, што е првпат по големиот егзодус во април, кога според официјални податоци, Рамади и околните села го напуштиле дури 114.000 лица поради жестоките борби.

Локалните власти тврдат дека џихадистите извршиле масовно убиство врз ирачки војници и цивили во Рамади.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак