Деветмина убиени во пресметка на две моторџиски банди во Тексас

Од:

Полицијата во американската сојузна држава Тексас соопшти дека девет лица се убиени во престрелката меѓу две спротивставени банди-моторџии.

Инцидент се случил пред спортскиот бар и ресторан со тексашка скара „Твин Пикс“, кој е познато собиралиште на моторџии, во шопинг зоната „Маркет Плеис“  во градот Вако во централниот дел на Тексас.

Според полицијата, осум лица починале на местото на пресметката, а деветата жртва починала во болница. Други 16 лица се повредени.

Сведоците на инцидентот, изјавиле за локалните медиуми дека паркинг просторот пред бар-рестпранот изгледал како вистинска воена зона.

Престрелката почнала како расправија меѓу припадниците на двете банди, во која биле разменети тупаници. Кога се помислило дека целиот инцидент ќе заврши како тепачка, дошло до ескалација на судирот со употребата на синџири и ножеви, а на крајот и на огнено оружје.

Претставник на полицијата ги опишал двете банди како „мошне непријателски настроени и опасни“, поради што во Вако можело да се случи да настрадаат многу невини луѓе.

Во текот на престрелката, полицијата во еден момент и самата употребила огнено оружје во обидот да воспостави ред.

Ниту еден од полицијаците не е повреден, но се стравува дека бандите моторџии може да се префрлат на некоја друга локација во Тексас, каде одново може да предизвикаат ваков тежок инцидент.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак