ЖРК Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија

Од:

Ракометарките на Вардар денеска го одбранија пехарот во Купот на Македонија откако во финалето го победија Металург со 34:16 (17:11). Ова за тимот на Вардар е трет трофеј во ова натпреварување откако претходните два ги освои во 1994 година и 2014 година.

Без поголеми проблеми ЖРК Вардар го победи Металург, а најефикасни на дуелот беа Андреа Пенезиќ и Маја Сокач со по 8 голови. Кај Металург Елена Ливриниќ беше најефикасна со 5 голови.

Признанието МВП (најкорисна на финалниот турнир) и припадна на Андреа Пенезиќ, а голманката на Вардар Амадин Лејно е избрана за најуспешна на својата позиција, додека најефикасна на завршниот турнир беше Јована Саздовска од Металург со 15 голови.

Финалето од машката конкуренција меѓу Вардар и Металург ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска