Група авгистански талибанци денеска киднапираа најмалку 30 цивили во провинцијата Пактија во источниот дел на Авганистан.
Како што јави ТАСС, талибанците ги запирале сите возила што се движеле по еден магистрален пад и ги киднапирале патниците во нив.
Претставник на локалните власти соопшти дека меѓу киднапираните цивили има голем број жени и деца.
Талибанците преку соопштение на Твитер презедоа одговорност за киднапирањето, нагласувајчи дека најголемиот број од киднапираните биле службеници во државните органи или имале некакви врски со нив.
Минатиот месец талибанците најави отпочунување на нова пролетна офанзива против владините и меѓународните сили. При т.н. „пролетни офанзиви“ во претходните години талибанците вршеа бомбашки или вооружени напади, но ова е прв пат да прибегнат кон масовно киднапирање цивили.