Изложба на „Конекција 2“ во Пловдив

Од:

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија на покана на општинската установа „Стар Пловдив” ќе се претстави со изложба на 11 ликовни уметници од концепцијата „Конекција 2″.

Изложбата ќе биде отворена вечер во 19 часот во Балабановата куќа,  еден од најзнаменитите објекти во стариот дел на Пловдив, во рамките на културната понуда на Пловдив за Европската ноќ на музеите. Изложбата ќе ја отворат Амелија Гешева, директор на „Стар Пловдив”, и Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија.

Ликовната концепција „Конекција 2“ функционира веќе три години како проект во кој македонските уметници кои творат или студираат на Националната ликовна академија во Софија заеднички се претставени на групна изложба, помогната од Министерството за култура на РМ и организирана од македонскиот културен центар во Софија.

Групата македонски уметници ја сочинуваат: Марјан Ѕин, Иво Пецов, Адриана Х. Јованоска, Зоран Мише, Горан Тричковски, Слободан Милошески, Павел Целкоски, Иван Стоименов, Ице Огненовски, Јорданчо Ристовски и Јовица Миленов. Изложбата во Пловдив ќе може да се види до 2 јуни.

Досега нашите уметници беа претставени со две изложби во Софија, Благоевград, Велико Трново, Русе, Харманли, а веднаш по изложбата во Пловдив, на 3 јуни „Конекција 2“ ќе го отвари Фестивалот на Франкофонијата во Созопол.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски