Нафто, проклета да си

Од:

Економист – Лондон

Економскиот бум со пониските цени на нафтата е помал отколку што можеше да се очекува

Во 2014 година, цените на нафтата колабираа. Американците скокаа од радост. И тоа не треба да чуди: секоја година просечен Американец троши повеќе енергија отколку еден Британец и еден Јапонец заедно. Падот на цената на нафтата ги израдува и економистите. Многумина од нив беа сигурни дека тоа ќе и даде на економијата фин залет. Но, колапсот на нафтата не следеше со бум, туку со забавување. Бројките кои беа обвјавени на 29 април покажуваат дека растот во првиот квартал од годинава бил само 0,2 проценти. Сето ова ги тера и најоптимистите да се запрашаат: дали пониските цени на нафтата се навистина нешто добро?

БДП-то, вкупниот годишен производ на економијата, е сочинет од четири нешта: трошоците на владата, нето извозот, јавната потрошувачка и инвестициите. Цените на нафтата не влијаат многу врз трошоците на владата, но има големо влијание врз другите три.

Хјустон се сочува со евтина нафта

Нето извозот (односно извозот минус увозот) сигурно беше засилен со пониските цени на нафтата. Америка извезува многу малку нафта, но многу увезува: скоро девет милиони барели нафта дневно. Кога цената на нафтата е едвај под 60 долари, американците сега извезуваат 500 милиони долари надвор секој ден – или скоро 200 милијарди годишно.

Додајте ја на ова и пониската цена на дома произведената нафта и Американците добиваат бинго, слично на сочното кратење на даноците. Тој кеш може да биде потрошен или инвестиран дома. Месечната стапка на раст на големопродажбата – не онаа на бензинските пумпи – вртоглаво опадна во изминатите неколку месеци.

Четвртата компонента од БДП-то, инвестициите, се исто забавени. Се до неодамна, купишта пари беа фрлани на скапа опрема за вадење нафта од непристапни места: од 2010 до 2014 година, инвестициите во рударските експлоатации, окна и бунари се зголемија за 80 проценти. Сега фирмите кратат на трошоци, велат од рејтинг агенцијата Фич.

Инвестиците во рударски структури се скусија за 60 проценти на годипно ниво во првиот квартал од 2015 година, велат од консултантската фирма Кепитал Економикс – што е доволно да се одземат 0,8 проценти од вкупниот раст на БДП-то. Помалку инвестиции одат рака под рака со кратењето на работни места. Во март, Тексас, нафтената држава која во изминатите години имаше брз раст на работни места, го доживеа најголемиот пад од месец за месец уште од 2009 година.

Се што треба да знаете за ниските цени на нафтата

Сепак и покрај овие горчливи вести, ниските цени на нафтата помогнаа во едно важно нешто (покрај олеснетета загриженост на возачите на бензинските пумпи). Тие ја намалија инфлацијата. Главната стапка е сега околу нулата – многу под зацртаната цел на Федералните резерви од два проценти. Кога цените сега растат толку бавно, народната банка сега може да ја одржува својата политика многу лабаво. Всушност, на состанокот на 29 април тие одлучија да ги држат каматните стапки скоро на дното, како што беше случајот на крајот на 2008. Таквата ултра ниска стапка го стимулира растот без закана за инфлација.

Во изминатите неколку недели, цената на нафтата сепак престана да опаѓа, па така овој дефлаторски ефект се истенчи. Економистите останаа да се чудат како нешто што личеше како голем бонус за американската економија, може да направи толку мал ефект.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот