ВИДЕО: Наместо промотивен материјал за Евровизија, донација за Детската клиника во Скопје

Од:

По одржувањето на втората техничка проба, следеше прва заедничка прес конференција на Даниел и MERJ.

На почетокот Даниел се заблагодари на целиот авторски тим кој работеше на Autumn Leaves, особено на композиторот Јоаким Персон и аранжерот Роберт Билбилов.

Даниел изјави дека е пресреќен што е на евровизиската сцена заедно со неговите идоли од детството – MERJ од Blackstreet, и заедно го отпеаа рефренот од нивниот голем хит No Diggity.

Воедно, Даниел зборуваше за неговата иницијатива за хуманитарна акција. Тој и неговиот тим одлучија средствата наменети за печатен промотивен материјал да се донираат на Одделот за Интензивна нега при Детската Клиника во Скопје, за што доби голем аплауз од присутните новинари.

„Пресреќен сум и возбуден што ќе настапам на Евровизија во Виена, градот во кој што пораснав и ќе ја претставувам мојата земја Македонија”, рече Даниел.

Даниел и MERJ се подготвуваат за утрешната македонска евровизиска вечер, на која се поканети новинари и делегации од сите држави учеснички.

Тие исто така утре вечер ќе настапат на еден од најголемите хуманитарни настани во светот, престижниот Life Ball, заедно со бројни светски музички ѕвезди.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија