Обидот за соборување на претседателот на Бурунди Пјер Нкурунзиз заврши со неуспех, а уапсените лидери на пучот се уапсени од војниците лојални на претседателот, јави Танјуг.
Се уште не е познато дали генерал Годефроид Нијомбаре, кој го организира пучот е уапсен или е убиен.
Портпаролот на пучистите Венон Ндабензе исто така е уапсен.
Драматичниот крај на пучот се случи за кратко време откако Нкурунзиз, кој беше во странство, се врати во Бурунди. Тој беше во соседна Танзанија, на регионална средба.
Бурунди последните недели се соочува со насилни улични протести поради барањето на Нкурунзиз за трет претседателски мандат.