Стартуваше Мисијата на ЕУ во Донбас

Од:

Мисијата за проценка на ЕУ која има задача да ја анализира актуелната состојба во источноукраинскиот регион Донбас, од денеска официјално почна со работа, соопшти прес-службата на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Како што јави Укринформ, во соопштението се посочува дека Порошенко и претседатлот на Европскиот совет, Доналд Туск на нивната средба во германскиот град Ахен, позитивно го оцениле стартот на Мисијата.

На средбата Порошенко и Туск разговарале за координиорање на активностите за деескалација на кризата во источна Украина, се додава во соопштението.

Одлуката за формирање на Мисија за проценка на Унијата во Донбас беше донесена на Самитот ЕУ-Украина.

Би можело да ве интересира

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Украинските сили продолжуваат да го гранатираат Донбас обвинува Русија, низ Украина сирени за воздушен напад

Пет дена се водат жестоки битки за автопат преку кој се снабдуваат руските сили во Донбас

Катерина Ѓуровски

Жесток одмазднички напад, озлогласена руска единица пристигнува на фронтот

А1он

Украина информира за жестоки битки во Донбас

А1он

Украинците нудат 100.000 долари за човекот кој се бореше во Донбас за Путин

Катерина Ѓуровски