Средношколски пленум до Адеми и Ристовски: Да сте вистински луѓе, ќе бевме во училиште, а не на улица

Од:

Средношколскиот пленум предупредува дека учениците се уште се на улица, под отворено небо, наместо во училишните клупи. Средношколците апелираат да се се слушнат нивните барања

„Министерството за образование и наука не држи надвор од училиштата, спиејќи во шатори веќе втора недела, надвор на отворено, на јавен простор. А безбедноста на средношколците од #СредношколскиФронт никој не може да ја гарантира.
Да беа Абдулаким Адеми и Спиро Ристовски вистинските луѓе за овој ресор, ние сега ќе седевме пред книга и ќе се боревме за крајните оценки.

Да им бевме важни, уште првиот ден ќе ни ги исполнеа барањата, кои се аргументирани, издржани и поддржани од над 18000 средношколци.

Да се грижеа за нас, немаше во ваква кризна ситуација, каде сè се менува од час во час, да не остават надвор на улица, препуштени сами на себе.

Да сакаа да не слушнат, ќе го направеа тоа, затоа што ние сме гласни, а родителите, наставниците и студентите со своите пленуми стојат зад нас и нашите барања.

Да сакаа, ама не сакаат. Само заборавија дека на крајот најупорниот секогаш победува.“, стои во апелот од Средношколскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците