Во Скопје 13 сообраќајки изминатите 24 часа

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.

Од нив, седум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак и двајца мотоциклисти.

Сообраќајната полиција вчера откри и санкционирани 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив осум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, девет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и седум возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Детска радост“, објект „Калинка“ која е наоѓа во населба Железара.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава