Специјалниот претставник на Европската унија на Косово, Самуел Жбогар изјави дека првите обвиненија пред Специјалниот суд за воени злосторства против ОВК ќе бидат објавени на почетокот на 2016 година, пренесува Танјуг.
Тој гостувајќи во емисијата Рубикон на приштинската телевизија „Кохавижн“ истакна дека не знае кои се обвинетите, но додаде дека првите обвиненија ќе бидат објавени на почетокот на следната година.
Според Жбогар формирањето на Специјалниот суд е неопходност, со цел да се „исчисти борбата на ОВК“.
– Специјалниот суд ќе ја исчисти борбата на ОВК, бидејќи веќе долго време тоа стои како црн облак или како ортома околу вратот на Косово, рече Жбогар.
Тој додаде дека иако во извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти од 2010. се опфатени и Албанија и уште некои земји, сепак ЕУЛЕКС нема мандат да се заминава со нив.