Блумберг: Бугарските обврзници се поинтересни за инвеститорите

Од:

Странските инвеститори кои се вознемирени од последиците од грчката економска криза би можеле да го преселат својот капитал во Бугарија, оценува американската агенција „Блумберг“.

Имајќи предвид дека во Бугарија дејствуваат голем број грчки банки, земјата наизглед би била најмногу погодена од последиците од кризата во Грција, но благодарение на нискиот државен долг и намалениот буџетски дефицит, Бугарија се соочува со незначителни економски ризици, па затоа е интересна за странските инвеститори, се наведува во анализата под наслов „Ве разочарува „грегзит“? Излезот се наоѓа во бугарските обврзници“.

Според менаџерот во франкфуртскиот приватен фонд „Јунион Инвенсмент“, Дмитри Баринов постојат одредени ризици за Бугарија, но сепак тие се добро контролирани. Баринов смета дека поголемиот број економски играчи се подготвени за можноста за излез на Грција од еврозоната, односно за т.н. „грегзит“.

Раководителот за кредитни стратегии на пазарите во развој на француската банка „Сосиете Женерал“, Режис Шатолие пак смета дека вредноста на државните обврзници покажува дека поголемиот број инвеститори не очекуваат Грција да банкротира и да ја напишти еврозоната.

– Програмата за стимулации на Европската централна банка ја поттикна побарувачката по активи кои носат поголема заработка како што се бугарските и романските обврзници. Иако евентуален „грегзит“ би можел да има последици врз Грција и Бугарија, ЕУ и ЕЦБ преземаат мерки за спречување на (грчката) зараза, смета Шатолие.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна