Општина Центар ќе субвенционира 1.111 нови точаци

Од:

Општина Центар го продолжува и оваа година проектот „Цел Центар на точак “, кој минатата година, велат од Општината, се покажал како успешен.

Во 2014-та, Општината субвенционирала средства за купување на 860 велосипеди.

centartocak (2)

„Акцијата започнува од денеска. По минатогодишниот голем интерес на центарци кои со субвенциите од Центар купија 860 нови велосипеди, годинава се одвоени повеќе средства во буџетот и ќе субвенционираме 1.111 нови велосипеди. Се надевам дека и годинава ќе има голем интерес. Жителите треба да донесат копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општина Центар, фискална сметка и сметкопотврда за купен велосипед и трансакциска сметка“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Општината како и минатата година ќе субвенционира до 3.000 денари за секој купен велосипед.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар