Официјални лица од градската управа на Виена изјавија дека во центарот на градот, пред просториите на канцеларот на Австрија, ќе подигнат споменик на дезертерите од армијата на Хитлер.
Одлуката за подигање на споменик е направена пред неколку месеци, но досега организациите кои се вклучени во тоа не можеа да се согласат за местото каде што ќе биде поставен.
Изборот на Балхаусплац денеска го објави коалиционата управа на Виена составена од социјалистите и “зелените”.
Ова ќе биде прв ваков споменик во Австрија која нацистичка Германија ја анектираше во 1938 година. Анексијата тогаш беше поддржана од огромно мнозинство на граѓани.