Новиот предлог за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски е братот на сопственикот на компанијата „Ем медиа ДООЕЛ“, издавач на порталот Курир. Според документите од Централен регистар на Македонија, сопственик на оваа компанија е Ацо Мисајловски.
Владо Мисајловски доаѓа од местото директор на Јавното претпријатие за државни патишта, а претходно беше државен секретар во Министерството за надворешни работи, член на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, како и поранешен претседател на младинскиот општински огранок во местото Ѓорче Петров.